мај 9, 2026

Ѕидовите во домот многу лесно собираат дамки – од отпечатоци од прсти, преку маснотии од кујната, па сè до детски цртежи и траги од обувки. Многумина веднаш посегнуваат по боја мислејќи дека нема друго решение, но искусните домаќинки тврдат дека неколку едноставни состојки можат да им го вратат уредниот изглед на ѕидовите без молерисување.

Паста која прави разлика

Еден од најпопуларните трикови вклучува сода бикарбона и малку вода. Кога ќе се направи густа паста и нежно ќе се нанесе на дамката со мека крпа, трагите од ѕидот можат да исчезнат без оштетување на бојата. На интернет и по форумите, многу корисници потврдуваат дека токму содата дава најдобри резултати кај светлите ѕидови.

За потврдокорни дамки, некои користат комбинација од сода бикарбона, детергент за садови и малку хидроген, мешавина која е позната по тоа што ги разградува маснотиите и темните траги.

Грешката што сите ја прават

Најголемата грешка е агресивното триење со груб сунѓер. Така се вади бојата и ѕидот останува оштетен. Наместо тоа, се советува нежно кружно чистење со мека крпа или нежен сунѓер.

Што друго може да помогне?

На социјалните мрежи многумина препорачуваат и влажни марамчиња за чистење на домот, како и благо разблажен омекнувач за алишта за помали дамки.

Совет плус: Пред да пробате било какво средство, тестирајте го на мал и помалку видлив дел од ѕидот за да бидете сигурни дека нема да ја извади бојата.

Share

The post Ги вади дамките од ѕидовите без капка боја: ви требаат само неколку состојки appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK