Реал Мадрид е потресен од сериозна криза по физичката пресметка меѓу Орелијан Чуамени и Федерико Валверде. Како што објавија шпанските медиуми, Французинот го нокаутирал Уругваецот до тој степен што ќе го пропушти утрешното Ел Класико во Барселона поради повреди на лицето и потрес на мозокот. Овој инцидент е кулминација на токсичната атмосфера што владее во Реал со недели.
Како што обично се случува во овие ситуации, старите проблеми излегуваат на виделина, па Инаки Ангуло, најследениот Јутјубер (над 600 илјади следбеници) кој го следи Реал Мадрид, откри нови шокантни детали.
„Проблемите на Валверде датираат од далечното минато. Минатата година го удри Лука Модриќ на тренинг. Зборуваме за опасен човек, неспособен да живее во општеството“, рече Ангуло, чии наводи ги објави и „Дефенса Сентрал“, познат портал кој се занимава со Реал Мадрид.
Претходно денес, тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, се осврна на тепачката меѓу Валверде и Чуамени.
„Морам да кажам две работи. Прво, многу сум горд на решителноста, брзината и транспарентноста на клубот. Второ, што играчите ја признаа својата грешка, изразија каење и се извинија. Тоа ми е доволно“, рече Арбелоа и емотивно додаде:
„Она што нема да го направам е јавно да ги запалам на клада, бидејќи не го заслужуваат тоа. Поради она што ми го покажаа во овие четири месеци и изминатите години, знам дека разбираат што значи да се биде играч на Реал Мадрид. Валверде и Чуамени заслужуваат да свртат нова страница.“
Тој нагласи дека е „апсолутна лага“ дека играчите покажале непочитување кон него или дека не се професионалци.
За потсетување, по инцидентот, Реал реагираше експресно, ги казни играчите парично со по 500.000 евра.
Foto/ Depositphotos
The post „Валверде го удри и Модриќ, опасен тип, неспособен да живее во општеството“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
