септември 26, 2024

На ДНК не им бил исплатен хонорар за концертот на Вевчанкиот карневал, тврди Панчо кој преку статус на Фејсбук го посочи лицето кое ги ангажирало и не ги исплатило.

„На 12-ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан. Атмосферата беше феноменална, публиката одлична но за да не биде се така розево се погрижи ликот Александар Цезар Коневски кој важи за еден од најголемите патолошки лажговци и преваранти кои се занимаваат со ангажирање на бендови и артисти односно човек кој секојдневно бара нови жртви за да им се случи ова што се случи со 11-12 бенда во Вевчани. Се до денеш ден ниту еден бенд кој настапуваше на овогодинешниот фестивал нема земено ниту еден денар од договорениот хонорар за кој најчесно си ја извршија работата“, стои во статусот на Панчо.

По објавата на Панчо се надоврза и фолк пејачот Наум Петрески кој тврди дека и нему не му бил исплатен хонорар од истото лице.

„Истото го пишав и јас пред некое време и ве предупредив, но тоа е тоа, се е школо, а него ќе го најдат во некој контејнер со гаранција. Тежок патолошки лажго“, стои во коментарот на Петрески.

 


The post ДНК измамени за концертот во Вевчани, истиот човек го прелажал и Наум Петрески: типот ќе го најдат во контејнер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK