септември 26, 2024

Лиде, Лиде, дамата која стана позната по пресовите на бившиот министер за здравство, Венко Филипче, објави нова песна „Незапирлива“. Во спотот рапува со полицајци кои ја притворија во станица.

„Пуштете ме дома идиоти, пуштете ме“, пее Лиде, Лиде.

За потсетување, Лидија Гиновска позната и како Лиде Лиде, се прослави по пресовите на бившиот министер за здравство, на кој му оставеше коментари колку е заљубена во него.

За „Репортер“ ни рече дека целата работа почнала како забава, за да си направи да и е интересно, но на крајот ѝ донело проблеми на работа во фирмата за обезбедување каде работела. Се соочила со мобинг, а шефовите ѝ забраниле јавно да праќа пораки.

„Еден од нив ми рече: ‘Јас ќе се погрижам да не останеш овде’, и после некое време, поради притисоците си дадов отказ“, ни рече Лиде. Лиде.

The post (Виедо) Уапсена Лиде Лиде, дамата која беше вљубена во Филипче appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK