септември 28, 2024

Егзотичното овошје џекфрут со вкус на свинско месо ќе го спаси светот од гладување, велат експертите. Овошјето со најголем плод на светот, кое се раѓа на дрво, расте во јужниот и југоистичниот дел од Азија. Плодот тежи од 4,5 до 45 кг и содржи стотици семки кои се богати со калциум, протеини, железо и олово, а доволно е за да нахрани едно цело семејство за еден оброк.

Истражувачите сметаат дека ова овошје може да ги замени пченката и пченицата, кои може да бидат уништени поради климатските промени. Двајца студенти од Бирмингем се обидуваат да се пробијат на пазарот со џекфрут така што го продаваат како здрава алтернатива за свинското месо. Ова овошје е особено популарно во Бангалдеш, но потребно ќе биде време додека луѓето се навикнат на него. Многумина дури и не сакаат да го пробаат.


The post Џекфрут – овошје со вкус на свинско месо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK