септември 27, 2024

Френк Хугербитс од Холандија, на „Твитер“, на 3 февруари годинава, во 13.03 часот објави дека во Турција, поточно во нејзиниот јужно-централен дел во близина на Сирија, Јордан и Либан, ќе удри силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер.

Вчера во утринските часови, тој дел од Турција беше погоден од силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени. Според досегашните информации најмалку 500 луѓе се мртви, а повеќе од 2000 се повредени. Френк на „Твитер“ објави дека неговото срце е со блиските на жртвите и повредените.

Додаде и дека сличен ваков земјотрес се случил во 115 и 526 година. Земјотресот го предвидел според движењето на планетата.

Малкумина веруваат во предвидувања и сметааат дека таквите работи не се втемелени. Но, за жал, во случајот со земјотресот кој вчера утрото ја погоди Турција, предвидувањето на овој европски истражувач се покажа точно, пренесе „Слободна Далмација“.

The post Холанѓанец го предвидел земјотресот во Турција пред три дена appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK