септември 27, 2024

Оперската певица и актерка Тамара Ангеловска (23) која пет години живее и работи во Бугарија, во мај ќе настапи во Рим пред театарот на Колосеумот каде што ќе изведе разнолика програма италијанска, германска и руска.

Станува збор за неколку рецитали, првиот ќе се одржи во Скопје на 29 -ти март во „Музејот на ВМРО“, вториот во Соренто, Италија со програма на Тости , Моцарт, Белини и Доницети.

Тамара своите почетоците со музиката ги направи во Македонија. Заврши нижото и вишо музичко училиште како флејтист, а во истовреме се занимаваше со пеење. Образованието го продолжи на студии на Новиот Бугарски Универзитете како оперска певица, мастер на актерска глума и драмски уметности.

Во интервју за Репортер таа раскажа дека љубовта кон музиката ја наследила од нејзината мајка која била голем љубител на уметноста, иако таа не се занимава со тоа.

„Благодарение на неа, уште од седум годишна возраст посетувам опера и ми остави впечаток начинот на актерската игра, истовремено и музиката. Со помош на врвните професори сфатив дека имам талент и решив да си го насочам патот кон операта“, раскажа Тамара за Репортер.

 

The post Оперската певица Тамара Ангеловска ќе настапи во Рим пред театарот на Колосеумот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK