септември 27, 2024

Работник од „Комунална хихиена“ кој стоел на металната конструкција на камионот бил згмечен, кога возилото враќајќи се наназад удрило во бетонски ѕид од куќа во Сингелиќ.

„На 06.02.2023 во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сингелиќ, скопско, товарно возило „форд“ на ЈП „Комунална хигиена“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(55) од Скопје, движејќи се наназад удрило во бетонски ѕид од куќа. На металната конструкција од возилото стоел работникот М.П.(34) од Скопје, кој од ударот во ѕидот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од полициска екипа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK