септември 27, 2024

Сите полициски службеници кои во саботата се погрижија за достојно чествување на 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев, ќе бидат наградени со додаток за работна успешност во висина од 10 проценти од основната компонента на платата на работникот, за што средствата се обезбедени во Буџетот на МВР, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Како министер за внатрешни работи го искористив правото што ми го дава Колективниот договор на МВР ( чл.160, 161 и 162) и на денешната седница ѝ предложив на Владата, која го усвои Заклучокот за исплата на додаток за работна успешност од 10 проценти на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари“, објави Спасовски на својот Фејсбук профил.

The post Спасовски ќе ги награди со 10 проценти на плата сите полицајци кои беа ангажирани на роденденот на Гоце Делчев appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK