септември 27, 2024

Голем број теоретичари веруваат дека силниот земјотрес кој во понеделникот утрото ја погоди Турција е предизвикан од ХАРП системот, пренесуваат некои од медиумите. За турските експерти пак тоа е глупост.

„Такво нешто е невозможно и нема научни објаснувања за тоа што го тврдат“, рече Ахмет Ерџан, геофизичар од факултетот на ИТУ.

За потсетување, силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, ја погоди турција во понеделникот во 4.17 часот по локално време. Земјотресот ја погоди и Сирија каде загинаа повеќе од 600 лица.

Земјотресот погоди 10 провинции, а беше почувствуван и во Анкара и други турски градови. По тој разорен земјотрес, следуваа уште четириесетина со јачина до 6,6 степени според Рихтер. Беа уништени и урнати илјадници згради, а земјотресот беше почувствуван и во Дамаск и Либан.

The post Теоретичари тврдат дека ХААРП-системот го предизвикал земјотресот во Турција, за експертите тоа е глупост appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK