септември 27, 2024

Киану Ривс ги изненадил вработените во пабот „Робин Худ“ во селото Тринг, Англија, кога ненајавен дошол на ручек. Тој порачал риба и пита со месо, која е специјалитет на куќата, откриле вработените за „Би-би-си“. Тие велат дека засекогаш ќе се сеќаваат на средбата со холивудскиот глумец, кој бил скромен и љубезен со сите, а тие и сега не можат да поверуваат дека холивудската ѕвезда дошла во нивното село.

„Бев малку загрижен што треба да готвам за Киану, не знаев дали ќе му се допадне, ама кога му ја однесовме храната се заблагодари и рече дека сè изгледа многу убаво“, рекол Скот Валантајн, шефот на кујна на пабот.

Тој додал дека прво не можел да поверува дека Ривс навистина дошол во нивниот паб.

„Излегов од кујната да земам пијалак од барот и го видов како порачува нешто за пиење. Си помислив дека е некој што личи на славниот глумец и се вратив на работа. Кога во кујната влезе Лора, една од келнерките, ми кажа дека е Киану, па почнав да паничам малку. Откако заврши со ручекот, глумецот влезе во кујната и ми кажа дека храната е одлична“, рекол Валентајн.

Готвачот го прашал Киану дали може да се сликаат, а потоа ја објавил фотографијата на Инстаграм.

„Многу луѓе ми се јавија и коментираа. Рекоа дека е неверојатно што Ривс дошол баш тука и беа малку љубоморни“, додал Валентајн.

 

The post Кијану Ривс ги изненади вработените во селски паб кога им се појави на ручек appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK