септември 27, 2024

Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на која беше донесена Одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија.

За седницата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
500.000 денари финансиска помош за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија.
Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на мој предлог, едногласно Советот донесе Одлука за определување на финансиска помош во висина од 500.000 денари за настраданото население во Турција и Сирија.
И благодарам на претседателката на Советот Дијана Илиевска за итното прифаќање на моето барање и свикување на седницата за краток рок.
На почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадовме почит на загинатите во земјотресот.
Гази Баба ќе продолжи да помага! – напиша Стефковски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK