септември 27, 2024

Екипа на рудари, вработени во рудникот „Булмак 2016“ во Пробиштип заминаа за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес во Турција, соопшшти градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Рудари од Пробиштип заминаа во Турција да помогнат!

Веста за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија не погоди сите, во вакви моменти ја покажуваме хуманоста и солидарноста на нашите граѓани. Екипа вработени рудари од рудникот „Булмак 2016“, во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, утрово замина за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес. Им посакуваме успешно да ја завршат својата хумана мисија, вели Анастасов.

Тој на сите граѓани од Турција и Сирија, им изразува најдлабоко сочувтсво за големите човечки загуби.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија. како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1, додаде Анастасов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK