септември 27, 2024

Светот го обиколи веста дека бебе е родено под урнатините во Сирија, по разорниот земјотрес.

Видео снимката од моментот кога спасувачите го пренесуваат штотуку роденото бебе на сигурно ги преплави социјалните мрежи. Станува збор за девојче, кое е пренесено во болница и е здраво.

Порталот Аваз, пишува дека нивната редакција била контактирана од млад брачен пар од Сараево кој сака да го посвои девојчето.
Мајката на бебето почина, а тоа нема други преживеани членови од семејството.

Брачен пар од Сараево сака да го посвои бебето родено под урнатините

-Ве молиме да ни помогнете, да дојдете до ова дете и да му пружиме бескрајна љубов и утеха.

Објавете вест, да се знае дека во Сараево постојат двајца млади луѓе кои немаат свои деца, а кои би сакале да го посвојат ова бебе и да му ја пружат сета љубов на светот, со солзи изјавила младата жена за Аваз.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK