септември 27, 2024

Најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична фиброза, Благојче Илиевски, почина. Жалната вест ја потврдија од Здружението за цистична фиброза.

Благојче ја даде неговата последна изјава полна со надеж дека ќе биде меѓу првите осум пациенти кои ќе го добијат овој лек.

Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека процедурата ќе биде подолга додека се случи набавката, некако нè обесхрабри. Од последниот пат кога разговаравме, а тоа беше кон крајот не ноември, јас уште еднаш бев хоспитализиран.

Повторно 12 дена на Клиниката за пулмологија, го чистат белодробието до секретот, но верувајте состојбата не ми се подобрува, и сега ме слушате како едвај дишам, како не можам да искашлам…Ми останува навистина само да се надевам дека ќе дочекам да почнам терапија со „Трикафта“, ова се последните зборови на Благојче.

Во претходниот разговор кој го направивме во ноември, Благојче речеде дека најголема тешкотија му претставува земањето здив.

Ретката болест, цистична фиброза, речиси целосно му ги нагризала овие органи, но мултисистемското заболување со кое цели 10 години се бори Илиевски освен што го уништува неговиот респираторен систем, тешки последици остава и на дигестивниот систем, органите за варење и жлездите со внатрешно лачење.

Еден од најтешките болни пациенти од цистична фиброза, раскажа како изгледа неговото секојдневе. Зборуваше полека за да го намали заморот. Предизвици има многу, вели Илиевски, а најголемиот е да се земе здив, објави Фактор во ноември.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK