септември 27, 2024

Првите македонски армиски припадници веќе работата на терен во градот Кахраманмараш, еден од тешко погодените во разорниот земјотрес.

Тим составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили и двајца инструктори од командата за обука и доктрини заедно со две службени кучиња помагаат во потрагата по преживеани од разорниот земјотрес кој рано утрото во понеделник ги погоди југоисточните делови на Турција и северот на Сирија.

– Армиските припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије. Надеж дека во текот на пребарувањето ќе се спасат човечки живот каде секој момент е драгоцен, даваат и службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди, велат од АРМ.

The post Македонските спасувачи веќе се на терен во Турција appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK