септември 27, 2024

Битолската полиција го уапси 37-годишниот битолчанец Д.О., кој е осомничен дека извршил две тешки кражби во центарот на градот и шеталиштето, објави „СДК.мк“.

Според полицијата, тој украл повеќе предмети, меѓу кои и метални делови од големата фонтана која е дел од споменичната целина на Филип Втори во центарот на градот, засилувачот и звучниците од фонтаната, како и улични канделабри од шеталиштето.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од украдените предмети, кои ќе ѝ бидат вратени на општината.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена кривична пријава, вели СВР Битола

The post Крадец корнел и носел дома делови од канделабри во Битола, ги однел и звучниците од фонтаната appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK