септември 27, 2024

Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек – реагираше вечерва Асоцијацијата за цистична фиброза, откако денеска како последица на болеста почина битолчанецот Благојче Илијевски.

Неговите соборци соопштија дека со него ќе се збогуваат утре во 14 часот пред Влада и го опишаа Благојче како еден од најактивните членови на Асоцијацијата. Според нив, тој е жртва на системот.

„Тој поради инертноста на системот од надлежните институции и поради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот Трикафта“, велат пациентите со цистична фиброза.

Утре тие со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе, и официјално ќе се збогуваат со својот соборец, во исто време, кога во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки.

The post Болните од цистична фиброза утре во 14 часот ќе запалат свеќи пред Владата за починатиот Благојче appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK