ноември 24, 2024

Премиерот во Приштина, Албин Курти , поднесе барање до Чешката Република, која во моментов претседава со ЕУ, за членство на Република Косово“ во таа организација.

Тој во Прага беше примен од чешкиот министер за надворешни работи Микулас Бек, јавуваат медиумите во Приштина.

„Дојдовме во Прага, во градот во срцето на Европа, за да ја потврдиме непроменливата посветеност на Косово кон основните вредности на ЕУ, со поднесување на таканаречената апликација на Косово за членство во ЕУ. Ова е историски ден за народот на Косово и исклучителен ден за демократијата во Косово. Тоа одговара на визијата за Европа која има светла иднина. Следната година ќе ја одбележиме 20-годишнината од самитот во Солун, каде што ЕУ им вети на сите земји од Западен Балкан“, рече Курти.

Во Приштина вчера претседателката Вјоса Османи, претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца и премиерот Аљбин Курти го потпишаа барањето за членство во Европската унија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK