Црна Гора мора да го реши политичкиот ќорсокак во кој се најде и да остане посветена на евроатлантскиот пат, изјави денеска специјалниот пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан, Габриел Ескобар, по средбата со премиерот на црногорската Влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ, во Подгорица.
„Го делиме ставот дека Црна Гора мора да го реши политичкиот ќорсокак во кој се најде, да остане посветена на евроатлантскиот пат и јасно да се спротивстави на бруталната агресија на Русија против Украина“, рече Ескобар на Твитер профилот на американската Амбасада во Подгорица.
За време на престојот во Подгорица, Ескобар ќе се сретне и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Следете не, не има насекаде