Извозот на Туркије во балканските земји во истиот период минатата година изнесуваше 15 милијарди 857 милиони долари, со што е постигнат раст од 19,2 отсто во оваа насока.
Туркије во период од 11 месеци оваа година извршила извоз од 18 милијарди 894 милиони долари во балканските земји, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција.
Извозот на Туркије во балканските земји во период од 11 месеци се зголеми за 19,2 отсто во споредба со истиот период минатата година и достигна 18 милијарди 894 милиони долари.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од податоците на Советот на извозници на Туркије (ТИМ), Туркије во период од 11 месеци оваа година извршила извоз од 18 милијарди 894 милиони долари во балканските земји, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција.
Оваа бројка во истиот период минатата година изнесуваше 15 милијарди 857 милиони долари, со што е постигнат раст од 19,2 отсто во оваа насока.
Во овој период најголем извоз меѓу балканските земји е остварен во Романија со 5 милијарди 726 милиони долари, по која следува Бугарија со 4 милијарди 85 милиони долари, Грција со 2 милијарди 608 милиони долари, Србија со 1 милијарда 586 милиони долари и Словенија со 1 милијарда 486 милиони долари.
Исто така, во истиот период во Албанија е остварен извоз во вредност од 899 милиони 668 илјади долари, во Босна и Херцеговина 667 милиони 352 илјади долари, во Северна Македонија 593 милиони 769 илјади долари, во Косово 571 милион 540 илјади долари, во Хрватска 526 милиони 266 илјади долари, и во Црна Гора 142 милиони 120 илјади долари.
Најголем раст во Црна Гора
Најголем раст е забележан во извозот остварен во Црна Гора, 46,4 отсто, по која следуваат Албанија со раст од 35,6 отсто, Романија со 30,1 отсто, Бугарија со 24,2 отсто, Хрватска со 23,6 отсто, Северна Македонија со 22,7 отсто, Србија со 20,8 отсто, Косово со 18,7 отсто и Босна и Херцеговина со раст од 17,7 отсто.
Пад во остварениот извоз е забележан во Грција и тоа од 0,7 отсто, и во Словенија пад од 1,3 отсто.
Секторите кои остварија најголем извоз во балканските земји во првите 11 месеци од 2022 година се секторот на хемикалии и хемиски производи. Овој сектор во наведениот период остари извоз од 3 милијарди 415 милиони долари во балканските земји.
По овој сектор, следуваат секторот на челик со извоз од 3 милијарди 76 милиони долари, автомобилската индустрија со 2 милијарди 419 милиони долари, секторот на црни и обоени метали со 1 милијарда 609 милиони долари, и секторот на електрика и електроника со извоз од 1 милијарда 277 милиони долари.
AA
Следете не, не има насекаде