декември 26, 2024

Претставничката на Партијата за демократска акција (СДА), Алма Чоло денеска изјави дека Високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит побарал од СДА да прифати да оди во опозиција и да не го попречува формирањето на нова влада во таа земја.

Членови на раководството на СДА, предводени од Бакир Изетбеговиќ, минатата недела се сретнаа со Шмит и неговите соработници зад затворени врати, веднаш откако стана јасно дека партијата го освоила мнозинството во бошњачкиот клуб во Домот на народите на Федерацијата на БиХ.

СДА со освоеното мнозинство може да влијае на воспоставувањето на извршната власт, што може да ги расипе плановите за коалиција меѓу ХДЗ БиХ и блок од осум бошњачки граѓански партии.

– Шмит првенствено не повика да ни каже дека треба да се повлечеме и да дозволиме овие ново-стари сили да формираат влада на федерално и државно ниво, истакна Чоло.

Таа не појасни што ќе прави сега нејзината партија.

– Му кажавме (Шмит) дека ќе ги искористиме сите средства во согласност со Уставот и законите и оти нема да блокираме ништо. Ние добивме најголем број гласови, истакна Чоло, повторувајќи го ставот на Изетбеговиќ за формирање на широка коалиција во која ќе биде вклучена и СДА.

ХДЗ БиХ, СНСД и „осумката“ решително ги отфрлија ваквите повици, инсистирајќи на заминување на СДА во опозиција

Во текот на денот во Сараево треба да биде потпишан формален коалициски договор на партиите кои се договорија за формирање влада. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK