Претседателката на Парламентарното собрание на НАТО (ПС НАТО), Жоел Гарио-Мејлам, ја изрази својата загриженост за ситуацијата на северот на Косово и повика на итно отстранување на барикадите, јави дописникот на МИА од Белград.
Според соопштението на ПС на НАТО, Мејлам истакнала дека патот кон напредок мора да се дефинира преку континуирани и конструктивни преговори меѓу Белград и Приштина.
-Сите страни мора да останат посветени на дијалогот со посредство на ЕУ, рече Мејлам и повика на воздржување од насилство и провокативни акции и деескалација на ситуацијата.
Мејлам оцени дека заканите, заплашувањето и насилството, од „вооружени лица“, вклучително и нападот на извидничката патрола на ЕУЛЕКС во Косово, се неприфатливи. Воедно, таа ја поздрави неодамнешната одлука на властите во Приштина за одложување на локалните избори во четири општини на северот на Косово, оценувајќи дека тоа е конструктивен чекор „со оглед на сегашниот контекст“.
Мејлам истакна дека НАТО јасно стави до знаење дека КФОР останува исклучително буден и целосно способен да го изврши својот мандат на ОН на Косово.
Следете не, не има насекаде