септември 28, 2024

Експертите често се занимаваат со одговарање на прашањата кога е најдобро време за спиење, како секојдневните обврски и стресот влијаат на квалитетот на сонот, но и како прекинатиот сон влијае на состојбата на телото.

Резултатите од една студија покажаа дека прекинатиот сон има негативно влијание врз нас, особено по будењето. Исто така, резултатите сугерираат дека понекогаш е полошо да спиете со испрекинат сон отколку да спиете пократки временски периоди.

На прекинот на сонот може да влијаат многу фактори – пред се здравјето, но и стресот, а најчесто се будиме во текот на ноќта во страв да не доцниме на работа.

Прекинатиот сон е клучна причина за утринското нерасположение, сугерираат научниците. Во истражувањето кое ги дало овие резултати учествувале 62 луѓе кои биле изложени на различни услови. Експериментот траел три ноќи, а учесниците биле изложени на принудно будење неколку пати во текот на ноќта или легнувале доцна.

Резултатите покажаа дека прекинот на сонот нашето тело го доживува како многу стресно бидејќи телото не се одмора доволно и не ги поминува сите фази на сонот, што автоматски доведува до полошо расположение.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK