септември 28, 2024

Украинскиот премиер Денис Шмихал за украинските медиуми изјави дека руските сили денеска лансирале повеќе од 50 проектили кон Украина, од кои повеќето биле соборени.

– Русија не може да го прифати поразот и затоа продолжува да го тероризира населението во Украина. Денеска видовме нов обид за уништување на украинскиот енергетски систем, чија цел е да ги лиши Украинците од светлина, топлина и вода, напиша Шмихал на социјалните мрежи.

Официјален Киев претходно соопшти дека руската армија денеска истрелала 71 крстаречка ракета во масовниот ракетен напад врз Украина, од кои 61 биле пресретнати.

Крстосувачките ракети биле лансирани од руски бродови и авиони, соопшти украинскиот генералштаб во својот вечерен извештај за состојбата.

Дополнително, според прелиминарните пребројувања, Русија истрелала 29 ракети од системот С-300, кој всушност е наменет за воздушна одбрана, врз копнени цели во Украина.

ДПА нагласува дека бројките не можат независно да се проверат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK