септември 28, 2024

Бранислав Николов од бендот „Фолтин“ ќе го промовира самостојниот прокет „Пијан Славеј’ во Народниот театар во Битола на 13 -ти февруари.

Во проектот „Пијан Славеј“, заедно со Николов ќе настапат уметниците Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа и тој претставува директен обид да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, посочуваат организаторите на концертот.

„Јасната визија на Пијан Славеј за тоа каква музичка експресија треба да добие секој збор, секогаш совршено се слева со местото во кое сцената тој ја претвора во медиум каде што не се раѓа само добриот звук, туку ја дава Бранко безрезервно својата енергичност, својата бунтовност, својата музичка километража…но и вечниот младешки занес кој не го напушта“, вели Николов за прокетот.


The post Промоција на новата македонска шансона „Пијан Славеј“во Битола appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK