мај 6, 2024

ВМРО на монтирани случаи, не смее ниту со прст да покажува на предложените министри на АА, затоа што институциите зборуваа за такви работи и се е чисто како солза, реагира Алијанса за Албанците откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека предложениот нов министер за правда, Кренар Лога е брат на осомничен за убиството на Дилавер Бојку од Струга.

-Ја разбираме омразата на ВМРО-ДПМНЕ кон Алијанса за Албанците и нашите експоненти, која потекнува од 2017 година кога го прекинавме нивниот режим и во многу други случаи кога ниту се предадовме, ниту дозволивме тој режим да се врати. Затоа, единственото оружје против нас се клевети и неосновани обвинувања.

Со доаѓањето на АА, eднаш засекогаш завршуваат наредбите на ВМРО-ДПМНЕ со „тефтерче“за тоа кој станува судија и обвинител, како да се нарачаат монтирани случаи, како да се држи авионот со Албанци во воздух, како да се превртуваат камиони и трактори, како да се прикријат злосторствата на скопскиот плоштад кога го убиваа својот активист.

Одете до надлежните органи и не фрлајте блуеница со гнев од устата со лаги и невистини. Се сеќавате на случаите како Сопот, убиството на Алмир, Монструм, Куманово, случајот Алфа и други случаи? Немате ниту морално право, ниту кривичен авторитет да ги кажувате овие невистини, се вели во реакцијата на Алијанса.

The post Алијанса: ВМРО да не покажува со прст на нашите министри, се е чисто како солза appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK