ноември 23, 2024

Алијанса за Албанците ја објави биографијата на, Кренар Лога, кандидат за министер за правда во Владата на Република Македонија. Лога има над 15 години искуство во јавниот сектор во Република Македонија, вклучувајќи позиции:

Заменик генерален директор на Финансиската полиција (2007); правен советник во општина Тетово (2010); Шеф на кабинет и советник за правни прашања во општина Струга (2013); Генерален секретар во општина Струга (2014-2017); Раководител на сектор за правни работи во општина Струга (2018) и раководител на сектор за човечки ресурси во Државна адвокатура (2019). Од 2021 година е член на Државната изборна комисија.

Кренар Лога има активно искуство во политичкиот и јавниот живот на Македонија од 2005 година, првично со Демократската партија на Албанците како соработник на нејзиниот претседател, покојниот Арбен Џафери. Потоа како претседател на Младинскиот форум (2009-2012). Во 2014 година беше меѓу основачите на Движењето за реформи во ПДШ.

Кренар Лога дипломирал Уставно и Управно право. Магистрирал дипломатија на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Кренар Лога е генерален секретар на Алијансата за Албанците.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK