73 народни избраници за 11 месеци инкасирале 360.00 евра народни пари за да ги покријат своите патни трошоци.
Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој од 2020 наваму поднел само 25 материјали, се потпишал на 389 амандмани и поставил само две прашања, лани дневно во просек добивал по 3.550 денари дневно за да патува на релација Струга – Скопје.
МИРЧЕ АЏИОСКИ РЕКОРДЕР: 360.000 евра народни пари за патни трошоци поделени на 73 пратеници
Според информациите, народните избраници од најголемата владејачка партија, СДСМ, пријавиле најмногу патни трошоци, односно 23 пратеници добиле 133.000 евра.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пак, е втора на оваа листа или 23 пратеници од оваа партија побарале 132 илјада евра за патни трошоци.
Апсолутни рекордери за оваа година се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди, на чии сметки легнале од 706 до 770 илјади денари.
Следете не, не има насекаде