мај 4, 2024

Форум за филантропија ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Република Северна Македонија.

Форумот ќе го отворат Никица Кусиникова, извршна директорка на „Конект”, заменик- шефот на мисијата на Амбасадата на САД во земјава Ерик Мејер и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

– За филантропската инфраструктура во услови на криза свои искуства ќе споделат специјалните гости Фредерик Мулдер од „The Funding Network UK” од Обединетото Кралство и Марина Снижинска од „Мрежата на Глобалниот договор во Украина”, која ќе зборува за филантропијата и предизвиците за време на конфликтот во таа земја, соопшти тимот на „Конект”.

Настанот го организира тимот на „Конект” во рамки на Проектот на УСАИД Партнерства за донирање а во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK