Од вечерва на полноќ нови цени на горивата. Дизелот ќе поевтини за 1 денар, додека бензините ќе поскапат за 1 денар.
Според новата цена, од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 83,5 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава за 85,5 денари по литар.
Цената на дизел од полноќ ќе биде 77,5 денари по литар.
Се намалува и цената на екстралесното масло за 1,5 денари и ќе изнесува 76,5 денари. Цената на мазутот од утре ќе изнесува 41,7 денари.