септември 28, 2024

Капитенот на ракометната репрезентација на Турција, Џемал Кутахја, настрада во земјотресот кој минатиот понеделник ја погоди земјата. Синоќа од Ракометниот сојуз на Турција објавија дека со син му Куаинар биле најдени под урнатините во куќата во која живееле.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот драг Џемал, капитенот на нашата национална машка ракометна репрезентација и неговиот син Куаинар. Двајцата беа затрупани под урнатините во куќата во која живееја во Антакија“, стои во соопштението.

Спасувачките служби сè уште трагаат по неговата сопруга и мајка.

 

 


The post Капитенот на турската репрезентација и син му загинаа во земјотресот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK