септември 28, 2024

Државните електрани известија за промени во Надзорниот одбор во ова акционерско друштво во државна сопственост.

Според известувањето кое компанија го испрати до Македонската берза, била направена промена во Надзорниот одбор на друштвото, односно отповикана е досегашната независна членка на Надзорниот одбор, Фросина Крстевска, а на нејзината позиција е именувана Катерина Митовска-Наковска.
Од АД ЕСМ информираат дека всушност Фросина Крстевска била отповикана со одлука на Владата, која има улога на Собрание на акционери за ова АД во државна сопственост.

„Согласно обврската за известување која произлегува од Законот за хартии од вредност и Службен весник, ве известуваме дека со Одлука за отповикување и избор на член на Надзорниот одбор на АД за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, од 24 јануари 2023 година, донесена од Владата на РСМ, во својство на Собрание на АД ЕСМ, извршена е промена во составот на Надзорниот одбор на друштвото, така што од должноста независен член отповикана е Фросина Крстевска, а за независен член на Надзорниот Одбор на друштвото избрана е Катерина Митовска-Наковска“, се вели во соопштението од државните електрани.
Фактор се интересираше која е новата независна членка на Надзорниот Одбор на АД ЕСМ, Катерина Митовска-Наковска.

Според нашите сознанија, а и според интернет пребарувачите, Катерина Митовска-Наковска е од Крива Паланка, и е професорка по македонски јазик и литература во Гимназијата во тој град, каде своевремено била и помошник директор.
Митовска-Наковска била и членка на Советот на Општина Крива Паланка, од редовите на СДСМ, и тоа во претходниот состав, односно од периодот од 2017 до 2021 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK