септември 28, 2024

Северна Македонија е избришана од т.н. „црна листа“ даночни раеви на Европската унија.

Од листата се тргнати и Барбадос, Јамајка и Уругвај.

Брисел, како што обајви Еуроњуз, оценил дека Северна Македонија, Барбадос, Јамајка и Уругвај ги спровеле потребните чекори и ги исполниле критериумите за бришење од листата.

На „црниот список“ на ЕУ се додадени 16 земји, меѓу кои и Русија.

„Црната листа“ даночни раеви на ЕУ почна да се применува од 2017 година, а се ажурира двапати годишно.

Брисел инсистира на тоа дека нејзиното јавно објавување не е за да се „оцрнат“ земјите кои се на неа, туку да се охрабрат позитивни промени во даночните практики преку соработка и континуиран дијалог.

Земјите ширум светот се оценуваат според три клучни критериуми: даночна транспарентност, правично оданочување и мерки за справување со ерозијата и префрлањето на профитот од страна на мултинационалните компании.

Од оние земји кои не ги исполнуваат критериумите се бара да направат измени во нивното законодавство. Доколку одбијат да го сторат тоа, ЕУ може да ги додаде на списокот, кој не го користи терминот „даночен рај“ туку „некооперативни јурисдикции“.

Ставањето на „црната листа“ не повлекува никакви последици или санкции.

The post ЕУ ја избриша Северна Македонија од „црната листа“ на даночни раеви appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK