ноември 16, 2024
Бројот на жртвите од земјотресите во Турција се искачи на 35.418, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Вкупно 13.208 повредени сè уште се лекуваат во болница по минатонеделните земјотреси, додаде тој.

Ердоган рече дека спасувачката работа ќе продолжи се додека не се спаси и последниот човек од под урнатите згради. Според него, околу 250.000 вработени се на терен во зоните на земјотресот.

„Секоја земја ќе се соочи со проблемите со кои ние се соочивме во случај на таква природна катастрофа“, рече Ердоган споредувајќи ги земјотресите со атомска бомба.

Ердоган рече дека урнатите згради ја потсетуваат Владата на потребата од построги градежни прописи. Според него, повеќе од 2,2 милиони луѓе ги напуштиле подрачјата погодени од земјотресите.

Земјотресите од 6 февруари, со јачина од 7.7 и 7.6 степени според Рихтеровата скала, сериозно погодија десет окрузи во јужна и југоисточна Турција, како и во соседна Сирија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK