септември 28, 2024

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе кој го размрда летаргичниот ПСЖ откако влезе во игра, но ВАР за милиметри му поништи гол за парижаните да се спасат од пораз од Баерн Минхен (0-1), не се предава и најавува дека „светците“ имаат сила за пресврт во Минхен на 8 март.

Мбапе после поразот посочи дека тимот треба до 8 март да се врати во потребната форма, а соиграчите добро да јадат и да спијат, зашто завршницата од мечот покажала дека со офанзива можат многу да постигнат.

„Крајот се памети, сега сме во негатива, ама сме виделе дека можеме да направиме пресврт и да им го направиме пекол ‘вториот дел’ на противниците. Сега треба да се соземеме, најважно е да се вратиме на потребното ниво за реваншот, а тоа е добро да јадеме и добро да спиеме. Ако играме офанзивно и како тим, нема да им биде лесно“, рече Мбапе.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK