септември 29, 2024

Од охридското здружение пред 5 дена испратиле допис до Централаниот регистар со бара за исголасување на работата на здружението со законот за здруженија и фондации, но како би се нарекувале во иднина, се уште не е познато..

Од Централниот регистар велат ека постапкат се уште трае…

До Централен регистар на ден 10 февруари 2023 година е доставен допис со наслов Предмет:Барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид со Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации. На барањето од подносителот е доставено известување за доставување на пријава и прилози согласно Законот за здруженија и фондации. Постапката по барањето сè уште e во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање. -Централен регистар.

Рокот за усогласување на називите на здруженијата со измените на законот, кои предвидуваат да не смее да се именуваат по соработниците на фашизмот, беше 90 дена и истекува утре.

Согласно законот, таму е формирана комисија која од петок ќе има еден месец да утврди дали некои од здруженијата се спротивни на законот, и ако утврди дека се, треба да препорача до Министерот за правда да издаде решение за нивно бришење од Регистарот на здруженија и фондации.

Од комисијата за Канал 5 потврдуват дека досега не добиле предлог за ново име на охридското здружение Цар Борис 3, но веќе е извесно дека тоа доброволно ќе се промени.. Останува неизвесно како Комисијата ќе го третира ликот и делото на Ванчо Михајлов, со оглед дека од битолското здружение кажаа дека немаат намера да го преименуваат и се подготвни за правна битка.

The post Клубот „Цар Борис Трети“ ќе го смени името appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK