мај 18, 2024

– Фернандо Сантош се повлече од функцијата селектор на Португалија, објавено е на официјалниот сајт на тамошната федерација.

Двете страни донесоа ваква одлука по елиминацијата на Португалците од Светското првенство 2022 во четвртфиналната фаза.

Во четвртфиналето Португалија загуби од Мароко со резултат 1:0 и го заврши настапот на турнирот.

Договорот на 68-годишниот фудбалски стручњак беше со важност до 2024 година, а страните со меѓусебен договор го раскинаа предвреме.

Сантош го водеше националниот португалски тим од 2014 година. Со него на селекторската функција, Португалија го освои Европското првенство 2016 и Лигата на нации 2018/19.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK