септември 29, 2024

Турскиот и ерменскиот министер за надворешни работи изразија надеж дека нивното неодамнешно зближување со помошта по земјотресите во Турција ќе ја забрза планираната нормализација на дипломатските односи меѓу двете соседни земји.

– Ерменија ни подаде рака на пријателство во овој тежок момент, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на денешната заедничка прес-конференција со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан.

Додека Мирзојан наведе дека со неговата посета на Турција сака да ја потврди ерменската желба за повторно изградување на мир.

Чавушоглу и Мирзојан истакнаа дека нивните влади се подготвени целосно да ги обноват врските, вклучително и со отворање на границата. Но, не прецизираа датум.

Односите меѓу двата соседа се затегнати со децении поради голем број прашања, вклучително и судирите меѓу Ерменија и турскиот сојузник Азербејџан.

Минатата недела Турција го отвори граничен премин со Ерменија првпат по 30 години за да дозволи транспорт на помош за земјотресот. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK