Во денешното гостување во емисијата „Само вистина“, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека имала закани од еден исти центар и посочи дека со истото се соочиле повеќе лица.
Што и кажал Мицковски на Данела Арсовска:
Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе
ЗАСТРАШУВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ Арсовска: Мицкоски ми се закануваше и тоа конкретно, лично и директно!
„Да, сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно. Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“, кажа Арсовска.
За Мицкоски рече дека ако сакал да биде градоначалник, можел да излезе пред граѓаните и да види дали ќе добие доверба.
Таа изјави дека останува на ветувањето за бесплатен превоз за граѓаните. Таа не смета дека ова е невозможно. Признава дека програмата била амбициозна.
Следете не, не има насекаде