септември 29, 2024

Пејачката Лејди Гага (36) доби нова филмска улога, како Харли Квин во филмот „Joker: Folie à deux“, второто продолжение на Џокер од 2019 година.

Сега првпат на социјалните мрежи покажа како ќе изгледа нејзиниот лик.

„Joker: Folie à deux“ е новото продолжение на филмот Џокер, а главната улога ја толкува Хоакин Феникс. Филмот од неговото прикажување заработи милијарда долари. Токму за оваа улога Феникс го доби Оскарот за најдобар актер.

Фотографиите со Лејди Гага во нејзината нова улога ги сподели и режисерот на филмот, Тод Филипс. Режисерот и пејачката работеа заедно на филмот „A Star Is Born“. Вториот дел од филмот моментално се снима во Њујорк и Лос Анџелес, а на малите екрани треба да се појави на 4 октомври 2024 година.

 

The post Лејди Гага објави прва фотографија од филмот „Џокер“, во кој ја игра главната улога appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK