септември 29, 2024

Затвореник од Боливија се обидел да побегне од затвор преправен во овца. Затвореникот Хозе Луис Калисаја Дијаз, познат како „Ел Аранџа“ користел овча кожа за да се протне покрај полициското обезбедување и чуварите. Маскиран се обидел да се пробие до еден од надворешните ѕидови на затворот.

Обезбедувањето навреме забележало дека Дијаз го нема во ќелијата, па навремено реагирале. Инаку затвореникот бил осуден на 15 години затвор за убиство.

Фотографиите од неговиот обид за бегство го покажуваат затвореникот како лази на раце и нозе низ полето додека носи овчо крзно.

Властите наредија правни и дисциплински мерки против Дијаз по неговиот обид за бегство.

Inmate serving 15 years for homicide disguises himself as a sheep to escape prison https://t.co/TqoRf1CoRh pic.twitter.com/LPjZj5hciK

— New York Post (@nypost) February 14, 2023


The post Затвореник се обидел да избега од затвор преправен во овца appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK