септември 29, 2024

Шеесет и деветгодишен кумановец починал откако им подлегнал на повредите здобиени по вчерашниот пожар во неговата куќа, соопштија денеска од кумановската полиција.

Вчера во 16:55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М. (69) од Куманово.

– Со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош, информираше полицијата, која уште врши увид.

Пожарот го изгасила кумановската противпожарна единица. Регионалниот центар за управување со кризи информира дека на пожарот интервенирале четворица пожарникари со противпожарно возило од 16:50 до 18:45 часот.

РЦУК Куманово пренесува информација од Станицата за итна медицинска помош Куманово кои, исто така, интервенирале на пожарот во кој едно лице со тешки телесни повреди по укажаната помош во Куманово е пренесено за Скопје, другото е задржано на хирургија во кумановската болница. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK