јули 6, 2024

Француската фудбалска репрезентација е заразена со вирус и најмалку тројца играчи се болни во пресрет на финалето на Светското првенство против Аргентина. Францускиот селектор Дидие Дешамп изјави дека двајца играчи (Дајо Упамекано и Адриен Рабиот) имале симптоми на грип.

-,,Дајо Упамекано и Адриен Рабиот на почетокот на неделата заминаа во изолација, затоа не играа против Мароко, во полуфиналето на Светското првенство, додека Кингсли Коман почувствува треска” – изјави Дешам.

Дешам рече дека Упамекано се опоравува од „трите тешки денови“ откако играше во четврт-финалето против Англија во саботата. Фудбалерот синоќа беше во составот, но не играше. Рабио не беше во тимот.

– Сепак, имаме четири дена до натпреварот и сите играчи треба да бидат здрави до финалето. Сега е сезона на грип, затоа мора да бидеме внимателни. Исто така, играчите вложија многу труд и можеби малку им ослабна имунолошкиот систем – изјави тренерот на актуелниот светски шампион.

Франција тренира на отворено во Катар, а Дешам рече дека промената на климата може да влијае на тоа како циркулира вирусот.

На седум од осумте стадиони на Светското првенство, воздухот се лади на терен, а внатрешноста на зградите и транспортот во Катар обично се климатизирани.

Во текот на последните недели од турнирот, дневните температури во Доха се движеа од 25 до 27 Целзиусови степени, за разлика од почетокот на натпреварувањето кога беа околу 30 степени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK