Во сабота во 16:00 часот, Ливерпул ќе го пречека Кристал Палас во натпреварот од 34-то коло од Премиер лигата. Менаџерот, Арне Слот, потврди дека на голот ќе биде Фреди Вудман и откри дека Уго Екитике бил успешно опериран.
„Тоа е важен чекор, но само првиот чекор што мораше да го направи. Мислам дека има многу важни детали во закрепнувањето што трае толку долго пред да можеме всушност да кажеме колку долго ќе отсуствува. Сè зависи од тоа како ќе одат сите фази од рехабилитацијата. Тој е многу експлозивен играч, тоа не помага во овие ситуации. Но, можеби ќе биде исклучок, тоа не можеме да го знаеме. Најважно е што е направен првиот чекор“, рече Слот.
Холанѓанецот остана без двајцата голмани, Алисон веќе пропушти неколку натпревари, а сега на списокот на повредени е и Мамардашвили, кој се повреди на гостувањето кај Евертон.
Слот изјави дека Алисон сè уште не е подготвен и дека Мамардашвили нема да може да игра во следните неколку недели.
„Тоа значи дека ќе брани Фреди Вудман, тој дефинитивно е подготвен.“
„Доведовме искусен голман како трет голман со причина. Тоа не се случува често, но ваква ситуација може да се случи. Пологично едн од голманите да се повреди, а еден да биде суспендиран, но ја гледаме и таа ретка ситуација каде што имате двајца повредени голмани“, рече Слот, кој истакна дека Вудман ја има неговата и довербата нна соиграчите.
Слот потврди дека не може да смета ниту на Џо Гимез и Ватару Ендо.
Foto/ Depositphotos
The post Слот потврди дека Вудман ќе брани против Кристал Палас appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
