Турција повторно ќе биде домаќин на трка од Формула 1, откако стана јасно дека Истанбул Парк се враќа во календарот од 2027 година, во договор што ќе трае најмалку пет години.
Веста означува кулминација на повеќегодишната кампања на Турција за враќање во светот на најпрестижнот натпреварување во мотоспортот.
Иако деталите за договорот не беа веднаш достапни, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира официјално да го објави договорот на настан во петок попладне во Истанбул, на кој ќе присуствуваат извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, и Мохамед Бен Сулајем, претседател на ФИА, управното тело на Формула 1.
Истанбул Парк, кој се наоѓа на азиската страна на Истанбул, е познат по тоа што е омилен од возачите и навивачите. Последен пат кога беше домаќин на трката беше во 2021 година, кога ги замени традиционалните патеки поради пандемијата на коронавирусот.
Дополнително, патеката беше домаќин на трки помеѓу 2005 и 2011 година, а повторно влезе во календарот во 2020 година, кога Луис Хамилтон триумфираше, освојувајќи го својот седми шампионат и изедначувајќи го рекордот на Михаел Шумахер.
Foto/ Depositphotos
The post Се врќа трката на која Хамилтон го израмни рекордот на Шумахер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
