септември 29, 2024
Руските војници успеале да пробијат дел од одбраната на украинските сили во областа Луганск, соопшти руското Министерството за одбрана.

Денес се празнува Свети Симеон Богопримец
ВЕЛЕС: Ја тепал и давал дрога и ја наведувал на проституција својата сопруга
„Нема опозиција, нема критичар“ Државата кон колапс?!
Скопјанка нападната од разбојник во зграда во Карпош! Снимен, па веднаш уапсен
Дали можеме да ја промениме нашата судбина и што ќе се случува во 2023-та? Астролошки предвидувања со Снежана Петкас

„Во текот на офанзивата, украинските војници се повлекоа на оддалеченост до три километри од линиите што претходно ги окупираа. Дури и посилната втора одбранбена линија на непријателот не беше во можност да ги спречи руските војници да се пробијат“, соопшти Министерството на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.

Министерството не прецизираше на кој дел од фронтот во регионот Луганск е започната офанзивата.

Украинската армија известува за масовно руско гранатирање на линијата на фронтот. Киев соопшти дека ситуацијата е тешка, но додаде дека украинската војска одбила многу руски напади. Киев повторно ги повика сојузниците да го забрзаат доставувањето на воена помош.

Тоа го направи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во синоќешното обраќање тој истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е исклучително тешка и таму руските сили напредуваат во последните недели, особено во близина на Бахмут.

„Ситуацијата на линијата на фронтот сè уште е исклучително тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја“, рече Зеленски, додавајќи дека со новата офанзива Русија брза да ги постигне целите пред Киев да добие ново оружје.

„Затоа, брзината е клучна. Брзината во сè – донесување одлуки, спроведување одлуки, испраќање на материјали, обука… Брзината спасува човечки животи, брзината ја враќа безбедноста“, рече Зеленски, притоа заблагодарувајќи им на сојузниците за нивните ветувања за дополнителни пратки одбранбено оружје, тенкови, артилерија, гранати и обука.

Русија моментално контролира дел од јужните региони Херсон и Запорожје, вклучувајќи ја нуклеарната централа Запорожје, речиси цел Луганск, повеќе од половина од регионот Доњецк и регионалниот центар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK