септември 29, 2024

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги искоментира како „чиста глупост“ изјавите на Христијан Пендиков, секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид, во интервјуто за БТВ, во кои меѓудругото тврди дека Бугарите се плашат дека во Македонија може да бидат стрелани и никој да не ги заштити.

– Не може 30 години да живеете во една држава и никој ништо да не ви рекол и сега одеднаш да речете дека државата не ви ги почитува правата. Тоа не е реално, не е факт. Сепак, упатувам порака дека насилство не смее да има во никој случај за ниту една причина, рече Спасовски и дополни дека е недозволиво и да се „навредува една цела земја“.

Охриѓанецот тврдеше дека во Македонија било нормално да се пцујат и тепаат луѓе, а полицијата ја обвини дека не преземала мерки

– Во Македонија се почитуваат правата на секој еден граѓанин, на секој еден човек кој што се наоѓа на територијата на државата. Меѓународните институции ја оценија Македонија како една од најбезбедните држави во регионот, како земја која е на 36-то место на глобалниот индекс за мир, рече Спасовски.

Министерот дополни дека за тоа кои биле причините за нападот над Пендиков одговор дава истрагата на Јавното обвинителство и случајот го оцени како расчистен.

The post Спасовски: Изјавите на Пендиков се чиста глупост appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK