Москва соопшти дека „Божиќното примирје“ не е во план, по речиси 10 месеци војна во Украина, отфрлајќи го повикот на Киев до Русија да започне со повлекување на војниците до Божиќ, како чекор за ставање крај на најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна.
Русија и Украина во моментов не се вклучени во преговорите за ставање крај на борбите, кои беснеат на истокот и југот од земјата со мало движење на двете страни.
Војната се врати во Киев во средата, со првиот голем напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град по неколку недели. Беа погодени две административни згради, но противвоздушната одбрана во голема мера го одби нападот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека биле соборени 13 руски беспилотни летала.
Зеленски оваа недела рече дека Русија треба да започне со повлекување до Божиќ како чекор за ставање крај на конфликтот, но Москва го отфрли предлогот, велејќи дека Украина мора да прифати губење на територијата.
Следете не, не има насекаде