декември 25, 2024

Белоруските воени возила обоија црвени квадрати, што треба да им помогне на возачите да се препознаат меѓусебно за време на борбата

Откако беа видени белоруски воени возила со насликани „борбени симболи“, растат стравувањата дека Белорусија наскоро ќе им се придружи на Русите во војната во Украина, пишува Daily Mail.

На ТВ снимката се гледаат оклопни возила кои учествуваат во таканаречените вежби за „борбена готовност“ во близина на украинските граници. На нив се насликани црвени квадрати, кои треба да им помогнат на возачите да се препознаат меѓусебно за време на вистинската борба.

Понатаму, руски авион за рано предупредување и контрола „Бериев А-50“ слета во Белорусија, а последен пат овој авион беше забележан во Белорусија во февруари оваа година.

Daily Mail пишува и дека дел од јавноста верува дека има притисок врз белорускиот претседател Александар Лукашенко да ги распореди своите сили во Украина, но тој се двоуми – веројатно затоа што се плаши дека неговата прилично слаба армија ќе биде уништена во борбите. Бидејќи контролата над војската е клучна за одржување на контролата врз земјата, ваквиот пресврт на настаните би бил сериозен предизвик за владеењето на Лукашенко – и само две години откако тој за влакно го преживеа последниот народен бунт.

Од друга страна, доведувањето на белоруските трупи во борбата веројатно ќе промени малку на долг рок, но може да создаде краткорочни тактички предности за Путин, забележува Daily Mail.

Западните разузнавачки служби и понатаму веруваат дека напад од Белорусија е малку веројатен. Но, најновите акции на белоруската армија, вклучително и антитерористичка вежба минатата недела, ја принудија Украина сериозно да ги преиспита намерите на Минск.

Треба да се запомни дека Русија и Белорусија формално се дел од „заедничката држава“ и се тесно поврзани економски и воено. Во видео-изјавата објавена од белоруското Министерство за одбрана претходно оваа недела, Александар Волфович, државен секретар за Советот за безбедност, рече дека на воена единица и била доделена мисија за обезбедување „точка на јужната граница“.

Нашите задачи ќе произлезат од тоа како се развива она што Русија го нарекува „специјална воена операција“ во Украина – додаде тој.

Западните воени аналитичари велат дека малата војска на Белорусија нема сила и борбено искуство за да направи одлучувачка разлика, но ризикот дека таа би можела да интервенира од север е оптоварено одвлекување на вниманието за Украина, која во голема мера е фокусирана на борбите со руските сили на југ и на исток.

Белоруското Министерство за одбрана претходно соопшти дека, како дел од вежбата објавена во вторник, војниците ќе бидат брзо преместени во „одредени области“ и ќе бидат изградени мостови преку реките Неман и Березина во западна и источна Белорусија.

Во тој период се планира преместување на воена опрема и персонал и времено ограничување на движењето на граѓаните и сообраќајот по одредени јавни патишта и делници од теренот – се наведува во соопштението.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK